Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Влазерими означи старт на подготовките – целта е јасна: Нов бараж за Втора лига!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Третолигашот Влазерими денес во Кичево го одработи првиот тренинг и со тоа означи старт на зимските подготовки за вториот дел од сезоната.

Тимот има јасна цел за пролетниот дел – по третпат да стане шампион и од трет обид да триумфира во баражот и со тоа да обезбеди влез во Втората лига.

ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977

Влазерими две години по ред е шампион во Трета лига – Запад, но не ги поминува баражите, пред две сезони загуби од Башкими, а лани од Борец.

За таа цел Влазерими ангажираше девет нови засилувања, како што информираше Спортска Мрежа, нови играчи се Ресул Рамадани, Агон Хајредини, Христијан Крклински, Иве Трифуновски, Насаф Шабанов, Сами Аљиљи, Ариф Садики, Егзон Османи и Арбен Бајрами.

ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977

Влазерими е втор на табелата со еден бод помалку во однос на лидерот Тетекс, но „штофарите“ од Тетово имаат меч повеќе во однос на тимот од Кичево, а интересно е тоа што во првото пролетно коло двете екипи ќе се соочат меѓусебно.

ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!