Трета лигаФудбал

Третолигашот Пчиња се засили со Дамјан Илиевски

Сподели
Сподели

Третолигашот Пчиња за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Север промовираше ново засилување.

Се работи за Дамјан Илиевски, кој доаѓа од редовите на Куманово, ланскиот шампион во Трета лига – Север, кој не го помина баражот за влез во Втора лига, откако загуби од второлигашот Победа. Илиевски има 17 години, а потекнува од Куманово Еуроспорт.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа, Пчиња се засили со искусниот Марио Благојевски, Немања Нешевски и Давид Блажевски.

Пчиња презимува на 11. место на табелата со 12 бодови, има скор од четири победи и девет порази, а пролетниот дел го отвара Њу Старс, во дерби од дното на табелата на двете екипи кои имаат за цел опстанок во Трета лига – Север.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Превалец ремизираше со Бучин, прилепска Победа со ОСУМ гола во Пепелиште, трите бода заминаа во Крушево

Прилепска Победа продолжува да нижи големи победи во Трета лига регион 4 откако со 0:8 славеше над Победа во Пепелиште во меч од...

Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако Комесарот за натпреварување одлучи дуелот од 4. коло во Трета лига...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!