Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Теренот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани во катастрофална состојба – не се одигра пријателската со Детонит Плачковица!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа 25. септември 2024
Сподели

Теренот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани е во катастрофална состојба, а потврда за тоа е што не се одигра ниту натпреварот меѓу Осогово и Детонит Плачковица, кој требаше да се одигра денес, 29. јануари, но поради лошиот терен радовишкиот тим одлучи да не го одигра овој пријателски меч, сосема нормално со цел да нема повреди кај играчите на две недели пред почеток на пролетниот дел.

Ние имавме можност да го посетиме теренот токму кога овие две екипи се соочија меѓусебно во рамки на 4. коло на Втората лига, меч одигран на 25. септември 2024 година. Тогаш теренот беше исто така во лоша состојба, беше искосен само пола метар после аут лнијата и нешто повеќе околу корнер знаменцето, колку фудбалерот да може да го изведе корнерот, околу теренот тревата беше навистина голема, позади головите и околу целиот тој простор, вистински змијарник.

Секако, за тоа Спортска Мрежа има и видеа, кои се снимени на 25. септември, токму пред почетокот на мечот Осогово – Детонит Плачковица, од 4. коло на Втората лига, а од истите видеа ќе може да ја погледнете ситуацијата на самиот терен на стадионот во Кочани.

Тогаш, мечот и доцнеше, бидејќи мрежите на стадионот на неколку места беа искинати на двата гола.

Дополнително, сега е зимски период каде треба значително вложување со цел сочувување на теренот, но ако се земе предвид што теренот во септември не можел да се искоси во целост, па позади головите и околу имаше трева висока над колена, што би останало во зима?

  • ВИДЕО ОД ТЕРЕНОТ НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ ВО КОЧАНИ НА 25. СЕПТЕМВРИ 2025 ГОДИНА:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево заврши со резултат од 1:1, но сепак...

Поврзани написи
Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново...

Трета лигаФудбал

Стојановски: Сигурно одиме кон бараж – Еуромилк ГЛ заслужува Втора лига

Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!