ФудбалЧетврта лига

ФК Црвена Звезда од Сенокос реагира: Не добиваме финансиски средства од општина Долнени три години!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Црвена Зезда од село Сенокос, општина Долнени, со соопштение кое беше испратено до Спортска Мрежа реагира дека три години не добиваат финансиски средства од страна на општина Долнени.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК ЦРВЕНА ЗВЕЗДА СЕНОКОС:

„Општина Долнени три години ни нема исплатено средства кои служат како помош за натпреварување во Општинската квалитетна лига т.е. четврта лига во Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп, иако уредно имаме доставено барање. Мислиме дека општината не игнорира и на некој начин не оштетува во натпреварувањето бидејќи немаме доволно средства“, се вели во известувањето од клубот.

Соопштението на ФК Црвена Звезда од Сенокос кое беше испратено до Спортска Мрежа

Соопштението кое беше доставено до Спортска Мрежа е изготвено на 25. јануари 2025 година, со потпис и печат од клубот, кое го доби Спортска Мрежа.

Клубот минатата година стана шампион во ОФЛ Прилеп, но поради финансиски проблеми не го искористи правото да настапува во Трета лига – Југ и со тоа остана дел од Општинската фудбалска лига во Прилеп или Четвртата лига по ранг на натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!