Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица подобар на тестот со Беласица – нови два гола на Масевски!

Сподели
Сподели

Денес на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица екипата на Детонит Плачковица со 1:2 славеше над Беласица на пријателски меч на два второлигаши.

Двата погодоци за радовишани ги постигна одново Дамјан Масевски, откако тој беше двоен стрелец и во победата претходно против струмичкиот прволигаш Брера. За Беласица погодокот го постигна повратникот Александар Коцев.

За Детонит Плачковица ова е уште една победа на пријателски натпревар, екипата влегува во одлична победничка форма, а новото засилување Масевски најавува дека ќе биде вистински голгетер на тимот и ќе го води тимот кон местата за Прва лига.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен во Тирана, продолжувајќи со одличните настапи на меѓународната сцена. Рељиќ турнирот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!