РакометСветско првенство 2025

Кузмановски „решеташе“ против Гвинеја, Македонија патува во главната фаза!

Сподели
ФОТО: RK Eurofarm Pelister
Сподели

Македонија се пласираше во следната фаза на Светското првенство, откако вечерва со превисоки 29:20 ја декласиравме Гвинеја, дебитантот на Светското првенство.

По 14:10 во првиот дел, во второто полувреме бевме уште подобри и стигнавме до конечни плус девет разлика на крајот од мечот.

Македонија како третопласирана во групата Д патува во главната фаза на Мундијалот.

Сосема очекувано капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски беше најефикасен со 12 гола, а пак Костески постигна четири гола, кај Гвинеја Лилијан Паске беше најдобар со само три реализации. Нашиот Кизиќ имаше 15 интервеции на голот на Македонија.

Утре е слободен ден за нашата репрезентација, а во вторник ќе играме против Австрија во Вараждин, меч од главната фаза.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!