Втора лигаФудбал

Реми без голови во Гевгелија на Кожуф и Детонит Плачковица

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашите Кожуф и Детонит Плачковица денес започнаа со одигрување на пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел.

Двете екипи меѓусебно се соочија на Градскиот стадион во Гевгелија, каде ремизираа играјќи без голови (0:0). Резултатот секако оди во втор план, бидејќи секако и двете екипи во пролетниот дел ќе влезат со изменет лик, па тренерите преку овие пријателски натпревари шанси ќе им даваат на сите играчи со цел воигрување на екипите.

Кожуф има и нов тренер, Славчо Георгиевски – Тупан, кој преку овој натпревар започнува да го води тимот од Гевгелија, кој ќе има изменет лик во однос на есенскиот дел, дел од играчите заминуваа во нови средини, а со таков предизвик ќе биде и Горан Здравков, бидејќи и Детонит Плачковица е во доста изменет лик од есенскиот дел.

Пролетната полусезона ќе започне на 15. февруари со натпреварите од 16 коло. Кожуф започнува со гостување кај Каменица Саса, а пак Детонит Плачковица со гостување кај Новаци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!