Втора лигаФудбал

Стефан Сулев после повредата се врати на фудбалските терени

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Иксуниот фудбалер на Беласица, Стефан Сулев, после повредата која ја заработи во Богданци на натпреварот со Вардарски, во рамки на 8. коло од Втората лига.

Сулев до крајот на есенската полусезона не одигра ниту еден натпревар, односно пропушти седум натпревари, па практично тој беше без одигран натпревар од 19. октомври.

По речиси три месеци Сулев се враќа на фудбалските терени на првиот пријателски меч на Беласица против тетовска Шкеднија, кој се одигра во Струмица на „Благој Истатов“, а кој заврши со резултат од 0:4 за тетовскиот тим.

Враќањето од повредата на искусниот фудбалер ќе биде големо засилување за стратегот Александар Стојанов за пролетниот дел на Втората лига.

Сулев од 2015 година го носи успешно дресот на Беласица и тој е легенда на клубот, а претходно три сезони беше дел од Кожуф од Гевгелија, а настапуваше и за Хоризонт Турново.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!