Прва женска фудбалска лигаФудбал

Фудбалерка од Кенија засилување за Тиверија Брера – претставена Кристине Нафула

Сподели
Сподели

Есенскиот шампион во Првата женска фудбалска лига, Тиверија Брера, ја засили својата екипа за пролетниот дел од сезоната со искусната фудбалерка од Кенија, 33-годишната Кристине Нафула.

Нафула, која игра на позицијата напаѓач, зад себе има богата кариера. Таа настапувала за неколку екипи во родната Кенија, како и во шампионатите на Грција, Шведска и Турција, стекнувајќи меѓународно искуство.

Со репрезентацијата на Кенија, Нафула го оствари најголемиот успех во 2016 година, кога нејзиниот тим се квалификуваше за Африканскиот Куп на нации.

„Околината овде е добра и одлично бев прифатена во тимот, се надевам на одлична сезона, исполнета со добри резултати, тимска и напорна работа. Многу сум возбудена што сум овде,“ изјави Нафула.

Целта на Тиверија Брера во пролетниот дел од сезоната е да ја осигура шампионската титула.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Радовишкиот бисер Валентино Васев чекори кон големите фудбалски сцени: По Левски Софија следува и Црвена Звезда

Младиот фудбалер Валентино Васев од Радовиш, роден 2017 година, продолжува да го привлекува вниманието со својот талент и љубов кон фудбалот. Младиот фудбалер...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!