Прва лигаФудбал

Прволигашот Гостивар се засили со повратникот Антонио Каланоски

Сподели
ФОТО: KF Gostivari
Сподели

Прволигашот Гостивар за пролетната полусезона во која ќе води борба за обезбедување на излез во Европа, но и освојување на титулата се засили со повратникот Антонио Каланоски.

30-годишникот во Гостивар доаѓа од Брера Струмица, каде настапаше во изминатата полусезона. Каланоски се враќа во Гостивар, екипа за која настапуваше во период од септември 2022 година до јуни 2023 година.

Каланоски во својата кариера настапуваше и за Силекс, Шкупи, Беласица, Тетекс, Победа, Струга, Борец, Младост Царев Двор, Еуромилк, кичевски Напредок, Металург, Локомотива Бентоекспорт и за екипата на Охрид.

Гостивар презимува на 4. место на табелата со 35 бодови, а пролетниот дел го товара против шампионот Струга во дерби меч на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Мировски со 3:0 до европско финале: утре против Чадењовиќ за златото во Скопје

Силвио Мировски обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во кикбокс во Скопје, откако во полуфиналето во лоу кик до 71 килограм го...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!