Останато

Македонските стрелци Мартин Ангелески и Анастасија Мојсовска со добри резултати на ИССФ Гранд При Руше, Словенија

Сподели
Сподели

Во период од 10-12 јануари 2025 година Македонските спортски стрелци учествуваа на 31-от меѓународен натпревар ISSF Grand Prix Ruse кој се одржа во Руше, Словенија. Поканата за гости и учество на овој натпревар беше од страна на Претседателот на Стрелачка Унија на Словенија, Љубо Гермич во чест на долгогодишната соработка помеѓу Словенската и Македонската Стрелачка Федерација. По тој повод како активен судија кој учествуваше во спроведување на овој меѓународен натпревар во квалификациите и при контрола на стрелачката опрема наш претставник повторно беше судијата Димитар Димески кој се покажа во најдобро светло и на ниво на тамошните меѓународни судии.

Покрај официјалната средба помеѓу Претседателот на МССФ, Јордан Тасевски, и Претседателот на Стрелачката Унија на Словенија, Љубо Гермич, беше остварена средба и со Претседателот на ИССФ, Лучијано Роси, кој беше специјален гостин на овој меѓународен прв натпревар во 2025 година од календарот на ИССФ. На средбата се разговараше за идните планови за соработка помеѓу двете стрелачки федерации во рамките на ИССФ и поддршката од ИССФ која ја потврди и првиот човек на ИССФ, Лучијано Роси.

На овој висококонкурентен меѓународен натпревар нашите спортски стрелци учествуваа во дисциплината со воздушна пушка мажи и жени. Во дисциплината со воздушна пушка жени настапи олимпијката Анастасија Мојсовска која испука висок резултат од 623,4 кругови со серии: 103.8 104.0 102.5 103.8 105.5 103.8 додека кај мажите со воздушна пушка настапи Мартин Ангелески кој испука 621,1 круг со серии: 102.8 103.7 104.1 103.1 103.4 104.0. Од остварените резултати на овој натпревар видна е високата форма на Државните рекордери Мартин и Анастасија која е резултат на нивниот континуиран тренажен процес и редовен настап на меѓународни натпревари но и малата возбуда од желба за побрзо докажување во меѓународните води на спортското стрелаштво.

За влез во финале и дополнителна борба за медал кај мажите беа потребни 628.2 кругови додека кај жените 629.1 кругови.

Од стрелачката федерација велат дека во наредниот период ќе се продолжи со отстранување на можните технички грешки кои ги имаат стрелците и утврдување на потребните дополнителни кругови за влез во финале кои стрелците ги пукаат без потешкотии на своите тренинзи, а со цел утврдување на повисок резултат пред учество на Европското првенство за 2025 во Осијек, Хрватска.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасункиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!