Кошарка

ФОТО: Погледнете како ќе изгледа салата „Работнички“ – реконструкцијата се одвива во полн ек

Сподели
Сподели

Култната сала „Работнички“ после 50 години ќе блесне во ново руво. Реконструкцијата се одвива во полн ек и според највисоки стандарди, а истата треба да се заврши до крајот на годината.

Ќе се прошири теренот, наместо бетонски клупи ќе бидат поставени нови седишта, соблекувални, туш кабини, подно греење, а салата еќ добие кров и фасада.

„По повеќе од 50 години започна целосната реконструкција на салата „Работнички“ – некогашниот симбол и гордост на Општина Центар. Оваа сала со децении беше запуштена и во катастрофална состојба, сега повторно ќе заживее. Градежните активности се во полн ек, веќе се поставува нова фасада и нов покрив, по што следува клучниот дел – целосна реконструкција на теренот и гледалиштето според ФИБА стандарди. Салата ќе биде модернизирана и целосно прилагодена за тренинзи и врвни спортски настани. КК „Работнички“ заслужува вистински дом, а со оваа реконструкција Општина Центар тоа ќе го обезбеди за својот најтрофеен клуб, отворајќи нови можности за успеси и давајќи поттик за понатамошен развој и подем на македонскиот спорт“, велат од општина Центар.

Салата ќе има 891 седиште и ќе биде вистински дом на КК Работнички.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и високи победи на гостински терен. Крива Паланка, Баскет Кам и Вардар...

Поврзани написи
Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!