Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку значајни одлуки, меѓу кои и новата стратегија за развој на македонскиот фудбал за периодот 2027-2031 година, отпис на долг на компанијата „Кожувчанка“, како и предлог-делегатската листа за Прва и Втора футсал лига за сезоната 2026/27.

Стратегијата „Време за фудбал“ 2027-2031 претставува развојна рамка со која ФФМ ги дефинира долгорочните приоритети, цели и насоки за унапредување на македонскиот фудбал. Документот е изработен врз основа на анализа на актуелната состојба, консултации со клучните чинители во фудбалската заедница, како и насоките за развој на фудбалот од УЕФА и ФИФА.

Развојот е поставен на четири главни столба – грасрут фудбал, елитен фудбал, женски фудбал и општествено-економска одржливост. За нивна реализација се предвидени три клучни предуслови: инфраструктура, комерцијални активности и маркетинг, како и организациски развој. Со усвојувањето на стратегијата, Федерацијата поставува основа за координирано планирање и следење на развојните процеси, јакнење на институционалните капацитети и создавање подобри услови за долгорочен напредок.

На седницата беше усвоен и предлогот за отпис на долгот на компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци кон ФФМ, во вкупен износ од 1.261.272 денари. Одлуката е донесена со цел да се избегне дополнително финансиско оптоварување на компанијата и нејзиниот сопственик, со очекување средствата да бидат насочени кон поддршка и развој на младинските категории на ФК Тиквеш. Со ова се создава можност за продолжување на вложувањата во младите фудбалери и подобрување на условите за нивниот напредок.

Управниот одбор, исто така, ја усвои предлог-делегатската листа за натпреварите од Прва и Втора футсал лига за натпреварувачката сезона 2026/27.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку значајни одлуки, меѓу кои и новата стратегија за развој на македонскиот...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Одлуки на дисциплинска комисија на ФФМ: Тримесечна суспензија за Туриманџов, казни и за Работнички и Аресими

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе нови одлуки за...

Прва лигаФудбал

Тиквеш може да ја прескокне Шкендија: Две гостувања го ставаат врвот на ПМФЛ на испит

Петнаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига носи директна пресметка за второто...

Втора лигаФудбал

Кожуф го фати вистинскиот ритам: осум бода во четири кола и поглед кон горниот дел

Две гостински победи и две домашни ремија го променија бодовното темпо на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!