Втора лигаПрва лигаФудбал

Одлуки на дисциплинска комисија на ФФМ: Тримесечна суспензија за Туриманџов, казни и за Работнички и Аресими

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе нови одлуки за дисциплински постапки и санкции по натпреварите од домашните фудбалски натпреварувања, при што на удар се најдоа клубови, фудбалери и официјални лица.

Постапки се поведени против Пелистер и Тетекс, поради користење пиротехнички средства на меѓусебниот натпревар од 12. коло во Втората Македонска лига. Дисциплинска постапка е поведена и против Тиквеш 1930, поради пиротехника на дуелот со Вардар од 14. коло во Првата лига.

Кога станува збор за индивидуалните санкции, Баже Јанакиевски, шеф на стручниот штаб на Работнички, доби забрана за вршење функција во период од еден месец.

Фудбалерот на Аресими 1973, Лорик Каба Јакупи, е суспендиран на три натпревари поради директниот црвен картон на дуелот против Скопје од 14. коло во Првата лига.

Најстрогата санкција му е изречена на Тодор Туриманџов, претставник на Тиквеш 1930, кој доби тримесечна забрана за вршење функција поради директен црвен картон на натпреварот против Вардар од 14. коло во Првата лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку значајни одлуки, меѓу кои и новата стратегија за развој на македонскиот...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку...

Прва лигаФудбал

Тиквеш може да ја прескокне Шкендија: Две гостувања го ставаат врвот на ПМФЛ на испит

Петнаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига носи директна пресметка за второто...

Втора лигаФудбал

Кожуф го фати вистинскиот ритам: осум бода во четири кола и поглед кон горниот дел

Две гостински победи и две домашни ремија го променија бодовното темпо на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!