РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 загуби и на вториот контролен тест против Србија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 15 години го загуби и вториот контролен натпревар против Србија, откако гостите славеа со 5:2.

Србија рано го отвори резултатот, уште во четвртата минута, кога Новак Туфекџиќ ја затресе мрежата за водство од 1:0. Во 28. минута гостите добија пенал, а Туфекџиќ повторно беше прецизен, зголемувајќи ја предноста на 2:0.

Избраниците на селекторот Горан Георгиевски успеаја да се вратат во игра пред крајот на првото полувреме, кога Ненад Јовановиќ го постигна голот за намалување на 2:1.

Сепак, Србија на стартот од вториот дел повторно ја зголеми предноста. Во 52. минута Матео Андрејиќ погоди за 3:1, а осум минути подоцна Раде Вулиќ го постигна четвртиот гол за гостинската селекција.

Македонија во 71. минута доби удар од белата точка, а Марко Мартиновски беше сигурен реализатор за 4:2, враќајќи надеж за подобар резултат.

Но, во самиот финиш, во 89. минута, Вулиќ со својот втор погодок на натпреварот ги постави конечните 5:2 за Србија.

МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА    2:5

Стадион: Тренинг центар Петар Милошевски

Судија: Дарко Стојанов

Помошници: Петар Михаилов, Кирил Јованов

Четврти судија: Спире Арсов

Стрелци: Ненад Јовановиќ 42, Марко Мартиновски 71 (пенал) – Новак Туфекџиќ 10, 28 (пенал), Матео Андрејиќ 52, Раде Вулиќ 60, 89

МАКЕДОНИЈА: 1. Давор Грабуловски, 3. Стефан Петровски, 5. Мартин Мечкаровски (4. Калин Арсовски 46), 6. Марко Мартиновски, 7. Афан Јонузи, 8. Амир Бафтијар (20 Виктор Грданоски 90), 9. Адем Вукељ (11. Ненад Јовановиќ 29) (16. Ринор Палоши 90), 10. Габриел Митев, Фударски (17. Михаил Василевски 62), 13. Стефан Дрндаровски (19. Аник Исуфи 62), 21. Берат Фејзулаху (18. Калин Каракаш 62), 23. Даниел Гилберти (2. Хари Папиќ 90)

СРБИЈА:1. Душан Жвеглиќ (12. Огњен Пајиќ 71), 2. Никола Драмилиќ (14. Никола Ранѓеловиќ 62), 3. Вељко Зувиќ, 4, Матеја Молдовановиќ (13. Давор Живковиќ 71), 5. Филип Глушац, 6. Филип Аврамовиќ (8. Андрија Мартиновиќ 62), 7. Лука Шинка (11. Раде Вуглиќ 46), 10. Новак Туфекџиќ (15. Вук Тешиќ 71), 16. Стефан Нешковиќ (18. Марко Котарлиќ 46), 17. Фабио Да Силва (20. Теодор Јелиќ 62), 19. Данило Радојевиќ (9. Матео Андрејиќ 46).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку значајни одлуки, меѓу кои и новата стратегија за развој на македонскиот...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Вечерва капитенот на кошаркарската репрезентација Војдан Стојановски ќе го запише својот 100 натпревар

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (18:00 часот) во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал ги одбра 12 кошаркари за вечерашниот дуел против Кипар

Селекторот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го објави конечниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!