Ракомет

Савревски пред дербито со Пелистер: „Со максимална борбеност можеме да стигнеме до нови бодови!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По успешната европска недела, ракометните возбудувања продолжуваат со големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид. Битолчани во пресметката влегуваат со дополнителна самодоверба по победата над полскиот Вибжеже Гдањск во Лигата на Европа, додека „гладијаторите“ пристигнуваат по успешното обезбедување пласман во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Двата состави ќе ги насочат мислите кон домашното првенство, каде што ги очекува меѓусебен дуел со голема тежина. Охридскиот ракометар Давид Савревски е свесен дека гостувањето во Битола носи сериозен предизвик, особено поради атмосферата што ја создаваат домашните навивачи. Сепак, тој верува дека со цврста одбрана, смиреност во нападот и максимална посветеност, неговиот тим може да се врати со позитивен резултат.

„Нè очекува тежок натпревар против Еурофарм Пелистер во Битола, пред полна сала и одлична атмосфера. Свесни сме дека нè очекува голем предизвик и затоа мора да бидеме цврсти во одбраната, а во нападот да играме смирено и дисциплинирано. Верувам дека со максимална борбеност, концентрација и тимска игра можеме да стигнеме до нови бодови.“- изјави Савревски.

Охрид во Битола ќе бара продолжување на позитивниот ритам, но против себе ќе има противник кој неодамна покажа дека може да се справи и со сериозни европски предизвици. Савревски и соиграчите ќе мора да одговорат на атмосферата и интензитетот што ги носи гостувањето во салата „Боро Чурлевски“.

Дербито од 12. коло во Супер лигата е закажано за сабота, 28 ноември, со почеток во 18:00 часот. Охрид тргнува по нови бодови, Пелистер ќе ја брани домашната тврдина – а битолската публика ја очекува уште една голема ракометна вечер.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Савревски пред дербито со Пелистер: „Со максимална борбеност можеме да стигнеме до нови бодови!“

По успешната европска недела, ракометните возбудувања продолжуваат со големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид. Битолчани во пресметката влегуваат со дополнителна самодоверба...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив во Кавадарци, три бода за Јувентус Серава, Шкупи ја доби голеадата со СЕЕ Университи

Јувентус Серава стигна до триумф над Железарец на гостински терен добивајќи го мечот од 6. коло на Првата футсал лига со резултат од...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид убедлив против Мулти Есенс – Дамјан Митев со 11 погодоци!

Ракометарите на Алкалоид ја продолжија суперлигашката сезона со сигурно издание и убедлива...

Ракомет

Пелистер го урна непоразениот Гдањск – Битола повторно слави европска победа!

Еурофарм Пелистер ја запиша можеби најважната победа во досегашниот тек од групната...

Ракомет

Червар предупредува на пеколен ритам пред Гдањск: „Играчите не се животни, се изморуваат!“

Еурофарм Пелистер го очекува нов сериозен европски испит, а предводникот на битолчани,...

Ракомет

„Сакаме да играме под притисок“ – Видомски најави европска битка во Битола!

По домашното дерби со Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер целосно ги насочуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!