Ракомет

Алкалоид убедлив против Мулти Есенс – Дамјан Митев со 11 погодоци!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид ја продолжија суперлигашката сезона со сигурно издание и убедлива победа над Мулти Есенс. Во второто меѓусебно соочување на двете екипи во ова првенство, Алкалоид славеше со високи 39:23, потврдувајќи ја разликата во квалитетот на теренот.

Домашниот состав имаше расположено напаѓачко издание, а најголем удел во реализаторскиот учинок имаше Дамјан Митев. Младиот ракометар одигра ефикасен натпревар и со 11 погодоци беше убедливо најдобар стрелец во победничкиот тим.

На спротивната страна, Јаков Трајковски се издвои како најефикасен во редовите на Мулти Есенс, постигнувајќи четири гола.

Алкалоид така стигна до убедлив триумф во дуелот со својот клупски сосед и освои нови бодови во трката во македонската Супер лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив во Кавадарци, три бода за Јувентус Серава, Шкупи ја доби голеадата со СЕЕ Университи

Јувентус Серава стигна до триумф над Железарец на гостински терен добивајќи го мечот од 6. коло на Првата футсал лига со резултат од...

Ракомет

Алкалоид убедлив против Мулти Есенс – Дамјан Митев со 11 погодоци!

Ракометарите на Алкалоид ја продолжија суперлигашката сезона со сигурно издание и убедлива победа над Мулти Есенс. Во второто меѓусебно соочување на двете екипи...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер го урна непоразениот Гдањск – Битола повторно слави европска победа!

Еурофарм Пелистер ја запиша можеби најважната победа во досегашниот тек од групната...

Ракомет

Червар предупредува на пеколен ритам пред Гдањск: „Играчите не се животни, се изморуваат!“

Еурофарм Пелистер го очекува нов сериозен европски испит, а предводникот на битолчани,...

Ракомет

„Сакаме да играме под притисок“ – Видомски најави европска битка во Битола!

По домашното дерби со Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер целосно ги насочуваат...

Ракомет

Автокоманда во знакот на ракометот – Мулти Есенс и Алкалоид во меѓусебна пресметка!

Македонската Супер лига продолжува со нови предизвици, а едно од соочувањата во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!