Прва лигаФудбал

Брегалница има нов тренер – Џенгис Реџепи го презема кормилото на штипските „сини“!

Сподели
Сподели

Џенгис Реџепи е новиот шеф на стручниот штаб на Брегалница, откако штипскиот клуб денеска официјално ја потврди соработката со искусниот стратег, кој на клупата ќе го наследи досегашниот тренер Мијалче Прошев.

Реџепи пристигнува во Штип со богато тренерско искуство, стекнато во македонскиот и во меѓународниот фудбал. Во досегашната кариера ги предводел Беса, Љапи, Дуќагини, Лирија, Фероникели, Трепча и Влазними.

Новиот тренер на Брегалница има искуство и во турскиот фудбал, каде што работел како асистент тренер во Сиваспор, а од 2017 до 2021 година беше дел од стручниот штаб на најдобрата македонска фудбалска репрезентација како помошник на тогашниот селектор Игор Ангеловски.

Од Брегалница изразија благодарност до досегашниот тренер Мијалче Прошев, кој ја презеде екипата во тежок период и успеа да постигне значајни резултати.

Реџепи го презема штипскиот состав во период кога по 14 одиграни кола Брегалница има освоено 14 бодови. Пред искусниот стратег претстои сериозен предизвик да ја стабилизира екипата, да го подобри резултатскиот учинок и да обезбеди подобар пласман на првенствената табела.

Првиот предизвик за новиот кормилар ќе биде веќе во следното, 15. коло, кога Брегалница ќе гостува кај Шкендија Арачиново.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Брегалница има нов тренер – Џенгис Реџепи го презема кормилото на штипските „сини“!

Џенгис Реџепи е новиот шеф на стручниот штаб на Брегалница, откако штипскиот клуб денеска официјално ја потврди соработката со искусниот стратег, кој на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски: Нашата цел е победа против Кипар, со полна сала заедно ќе можеме до позитивен резултат

Машката сениорска репрезентација на Македонија во четврток од 18:00 часот ја очекува пресметката со Кипар, втор натпревар во рамките на вториот циклус од...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на...

Прва лигаФудбал

Силекс ѝ ги расипа плановите на Шкендија – кратовци освоија бод, тетовци заостануваат зад лидерот Струга!

Шкендија пропушти можност да ја намали разликата во однос на лидерот Струга...

Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!