Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал со проблеми пред дуелот со Кипар, Магдевски и Јакимовски се враќаат, Робев доби повик

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација го одработи првиот тренинг во пресрет на дуелот со Кипар, втор натпревар за избраниците на Жозеп Марија Берокал во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Селекторот на располагање имаше најголем дел од повиканите кошаркари, но здравствените проблеми и овојпат му задаваат главоболки на стручниот штаб. Имено, неколку репрезентативци присуствуваа на тренингот, но не беа во можност да работат со полн интензитет.

Валмир Какруки нема да биде во комбинација за претстојниот дуел поради повреда на левиот бутен мускул, заработена на последниот натпревар за Башкими. Поради повреда, натпреварот против Кипар ќе го пропушти и Андреј Андоноски.

Поради новонастанатата ситуација, стручниот штаб испрати дополнителен повик до Дамјан Робев, кој настапува за лидерот во МТЕЛ Суперлигата, Работнички.

ФОТО: КФМ

Позитивна вест е присуството на Андреј Магдевски, кој постепено се враќа во натпреварувачки ритам по операцијата на предните вкрстени лигаменти. На тренингот беше и Андреј Јакимовски, кој се наоѓа во процес на рехабилитација и повеќе од еден месец е надвор од натпреварувачкиот ритам во својот нов клуб, Наполи.

Ненад Димитријевиќ на националниот тим ќе му се приклучи на утрешниот тренинг, додека Мозе Рајт, поради клупските обврски со Олимпија Милано во Евролигата, се очекува да пристигне во Скопје на 25 ноември.

ФОТО: КФМ

До натпреварот со Кипар, репрезентативците ќе одработат уште три тренинзи. Во вторник е предвиден тренинг од 11:30 часот, во среда од 16:30 часот, додека последното подготвување ќе биде во четврток, на денот на натпреварот, од 10:00 до 11:00 часот.

Натпреварот меѓу Македонија и Кипар ќе се одигра во четврток (26 ноември), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски: Нашата цел е победа против Кипар, со полна сала заедно ќе можеме до позитивен резултат

Машката сениорска репрезентација на Македонија во четврток од 18:00 часот ја очекува пресметката со Кипар, втор натпревар во рамките на вториот циклус од...

Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ефремовски: Со поддршка од публиката до нова победа над Кипар

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација во четврток, со почеток од 18:00 часот,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Три медали за младите таеквондисти на ТК Корио на меѓународниот турнир во Малта

Младите таеквондисти на македонскиот клуб Корио остварија одличен меѓународен успех на Е2...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!