ФудбалФутсал

ПРОЕКТ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ! Шампионот ја покори и Форца, Јосифово слави – шест од шест и моќна порака во битката за одбрана на двојната круна!

Сподели
Сподели



Неверојатна победничка серија има македонскиот футсал шампион Проект, вечерва во Гевгелија тимот од Јосифово предводен од Игор Димов со 6:3 славеше над најголемиот конкурент за одбрана на титулата, Форца од Куманово, во меч од 6. коло на Првата футсал лига.

Проект минатата сезона ја освои двојната круна со максимален ефект, а сега одличниот старт на сезона 2026/2027 го потврди и вечерва откако ја доби Форца уште еднаш.

Првиот чекор го прави Проект, верната публиката, навивачите, Јосифово и Валандово вечерва ќе слават.

Во три минути Проект стигна до 3:0. Резултатот го „26-ти Април“ го отвори Димитар Јанев во 14. минута, само две минути подоцна Трајче Димитриев ја дуплираше предност, а во 17. минута Марио Благојевски постигна гол за 3:0.

Сепак, Форца не се предаде и во финишот на првиот дел постигна два гола за 3:2 на полувреме, а стрелци беа Иван Крстевски и Берат Рамадани.

Во вториот дел Бојан Јанев донесе два гола предност за Проект, погоди за 4:2 во 24. минута, а две минути подоцна Рамадани со втор гол намали на 4:3 и тоа ја врати неизвесноста на мечот во Гевгелија.

На сцена потоа стапи искусниот Мартин Тодоровски кој постигна два брзи гола и го реши победникот. Во 29. минута Тодоровски погоди за 5:3, а во 30. минута со втор гол ги постави конечните 6:3.

Проект дојде до максимални 18 бодови, а пак Форца останува на 13 бода, разликата меѓу двете екипи е пет бода.

Голема победа за Осогово, по негатива од 2:0, гостинот од Крива Паланка триумфираше со 2:4 против Бутел.



Домашниот тим преку головите на Петре Даиловски и Мирко Богески имаше два гола предност на полувреме.

Во вториот дел Давид Ристовски во 23. минута намали на 2:1, а пак Андреј Јаневски во 29. минута израмни на 2:2. Самиот финиш беше интересен. Две минути подоцна Кристијан Станојковски постигна гол за 2:3, а во самиот финиш Ристовски со втор гол ги постави конечните 2:4.

Колото се комплетира утре со останатите три средби. Во 19 часот СЕЕ Университи на домашен терен ќе игра со Шкупи, гостинот е апсолутен фаворит, од 20:30 часот во Кавадарци ќе се соочат Клими и Кеги Моби, а пак половина час подоцна Железарец ќе игра со Јувентус Серава.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Феникс гази без милост, Охрид го урна непоразениот Гостивар, Вардар со пресврт се искачи на врвот!

Седмото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе значајни резултати во двете натпреварувачки групи, прекин на една победничка серија и дополнително заострување на...

Кошарка

Вардар од минус 21 до голема победа во дербито, МЗТ го урна шампионот, Баскет кам и Пробаскет сигурни!

Петтото коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига донесе големи возбудувања, драматичен пресврт во дербито на непоразените екипи и важни победи во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со убедлива победа над Шутка 1, четири гола за Стојан Петковски

Поранешниот прволигаш Црна Река забележа убедлива победа во рамките на 6. коло...

Прва лигаФудбал

Судиска анализа на ФФМ: Кардинална грешка на ВАР судиите, Вардар директно оштетен

Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија изврши стручна и детална анализа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!