Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на Атлетскиот клуб Олимп, постави нов национален рекорд во категоријата младинки до 20 години (У20) на 5 километри на пат, на трката „November Run“, одржана на 15 ноември во Гевгелија.
Крстевска ја истрча патеката за 18 минути и 34 секунди, со што постави нов младински национален рекорд во оваа дисциплина. Со остварениот резултат го освои и третото место во генералниот пласман во женска конкуренција.
Ова постигнување претставува значаен успех за младата македонска атлетичарка, која во текот на сезоната бележи континуиран напредок и остварува забележителни резултати на атлетските натпреварувања.