Останато

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Сподели
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт.

Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста  што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении.

На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји.

Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби  Алин Нусуфи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд на 5 километри на пат

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на Атлетскиот клуб Олимп, постави нов национален рекорд во категоријата младинки до 20 години (У20) на 5 километри...

Останато

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд на 5 километри на пат

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на Атлетскиот клуб Олимп, постави нов национален...

Останато

(ФОТО) Сребро за Македонија во Рига – Елеонора Јосифоска од ЏК Дрим се искачи на победничкиот пиедестал!

Уште еден меѓународен успех за македонското џудо! Младата Елеонора Јосифоска, членка на...

Останато

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски присуствуваше на инклузивната трка...

Останато

Историски чекор во светскиот тенис: АТП-финалето во Торино за првпат достапно и за слепите и лицата со оштетен вид!

Завршниот тениски турнир на АТП во Торино годинава носи значајна новина која...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!