Трета лигаФудбал

Влазерими побегна на пет бода, Кравари со шест гола, Крошу Спорт до три бода во дуелот со Напредок Ношпал

Сподели
Сподели



Влазерими со победа од 4:2 кај Баир Спорт ја зголеми предноста на врвот во Третата лига – Регион 5. Кравари со убедливи 6:0 против Чардак Велгошти се искачи на второто место, а Света Троица со хет-трикот на Бобан Кузмановски го совлада Демир Хисар со 5:0. Шесте натпревари од 10. коло донесоа 28 гола, а Караорман беше слободен.

Баир Спорт – Влазерими 2:4

Никола Гилев во 20. минута ги доведе домаќините во водство, но Леонтин Бајрами израмни во 43. минута. Арѓент Зибери во 50. го сврте резултатот, а Нарт Усеини од пенал во 63. зголеми на 1:3. Валентино Дучевски во 82. минута го врати Баир Спорт на еден гол негатива, пред Усеини со својот втор погодок во 87. да ја потврди победата на лидерот.

Кравари – Чардак Велгошти 6:0

Хакан Алимовски го отвори резултатот во 24. минута, а Стефан Каревски во 31. зголеми на 2:0. По паузата Божидар Гогачевски погоди во 53., Иве Трифуновски во 58., а Алимовски со вториот гол во 61. минута донесе предност од 5:0. Марјан Котевски во 74. минута го постави конечниот резултат.

Света Троица – Демир Хисар 5:0

Бобан Кузмановски беше прво име на натпреварот со три погодоци. Тој ја отвори серијата во 16. минута, а во 49. зголеми на 2:0. Филип Митрески погоди во 56., Никола Угриноски во 71., пред Кузмановски во 74. минута да го комплетира хет-трикот за конечни 5:0.

Влазними – Могила 2023 1:3

Денис Шадов во 22. минута го доведе Влазними во водство, но Могила направи целосен пресврт во второто полувреме. Мики Талевски израмни во 48., Андреј Ристевски во 64. погоди за 1:2, а Стефан Крстевски во 90+2. минута ја потврди гостинската победа.

Напредок Ношпал – Крошу Спорт 1:2

Наумче Најдовски во 35. минута му донесе водство на Крошу Спорт. Владе Јанакиевски израмни од пенал во 56., а Александар Крстевски во 71. минута го постигна победничкиот погодок за гостите. Крошу Спорт со втората последователна победа стигна до 14 бода.

Преспа – Напредок Кичево 2:2



Кристијан Трајче ја доведе Преспа во водство во 11. минута, а Младен Котевски израмни во 44. минута. Котевски со вториот гол во 85. направи пресврт и го приближи Напредок до победа, но Дејан Груевски во 90+3. минута погоди за 2:2 и ѝ донесе бод на Преспа.

Влазерими остана единствената непоразена екипа и води со 23 бода, пет повеќе од Кравари и Караорман. Кравари го презеде второто место со подобра гол-разлика, а Света Троица со 17 бода е веднаш зад нив.

Могила, Крошу Спорт и Напредок Кичево имаат по 14 бода, додека Баир Спорт остана на 13. На дното, Напредок Ношпал има седум бода, а Демир Хисар и Чардак Велгошти по шест.

Табела по 10. коло

Поз. Екипа Мечеви Голови Бодови
1 Влазерими 9 28:12 23
2 Кравари 9 33:16 18
3 Караорман 9 21:16 18
4 Света Троица 2021 9 25:11 17
5 Могила 2023 9 18:14 14
6 Крошу Спорт 9 12:13 14
7 Напредок Кичево 10 16:17 14
8 Баир Спорт 10 21:27 13
9 Преспа 10 17:20 10
10 Влазними 9 15:30 9
11 Напредок Ношпал 8 12:20 7
12 Демир Хисар 9 18:27 6
13 Чардак Велгошти 8 11:24 6



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дрита продолжи без пораз, Алији со четири гола, Радески со хет-трик за пресврт на Вардар Брвеница

Дрита со победа од 0:2 кај Џепчишти ја продолжи позитивната серија во Третата лига – Регион 6. Арлинд Алији постигна четири гола во...

Трета лигаФудбал

Влазерими побегна на пет бода, Кравари со шест гола, Крошу Спорт до три бода во дуелот со Напредок Ношпал

Влазерими со победа од 4:2 кај Баир Спорт ја зголеми предноста на врвот во Третата лига – Регион 5. Кравари со убедливи 6:0...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа со „петарда“ за Питу Гули, Големо Коњари го совлада Венец, прва радост за Млекар

Вардар Неготино со пресврт славеше со 1:3 на гостувањето кај Превалец во...

Трета лигаФудбал

Илинден десет од десет и десет бода предност, Аеродром го доби дербито со БВК Коњаре

Илинден ја продолжи победничката серија и со триумфот од 2:0 кај Студеничани...

Трета лигаФудбал

Јуниор со голем пресврт против Пчиња – Петрушевски се врати по повредата и донесе победа!

Фудбалерите на Јуниор стигнаа до значајна победа откако со 2:1 славеа против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!