Трета лигаФудбал

Победа со „петарда“ за Питу Гули, Големо Коњари го совлада Венец, прва радост за Млекар

Сподели
Сподели



Вардар Неготино со пресврт славеше со 1:3 на гостувањето кај Превалец во 10. коло од Третата лига – Регион 4, по што домаќините најавија жалба. Големо Коњари го совлада Венец со 1:0 и се искачи на третото место, а Млекар со победата над Влазними Јуниор ја забележа првата сезонска радост.

Превалец – Вардар Неготино 1:3

Ристо Станковски во 6. минута го доведе Превалец во водство, но неготинци направија целосен пресврт во второто полувреме. Дарко Ѓорѓев израмни во 53. минута, Иван Иванов четири минути подоцна погоди за 1:2, а Трајче Најдов во 87. минута ја потврди победата на Вардар.

По натпреварот Превалец најави жалба против гостинската екипа, со образложение дека Вардар Неготино имал неплатени обврски за картони од претходните натпревари.

Големо Коњари – Венец 1:0

Автоголот на Ѓорѓи Димов во 41. минута го реши натпреварот. Големо Коњари со шестата сезонска победа го прескокна Венец на табелата и се врати на третото место.

Влазними Јуниор – Млекар 1:2

Артин Мејдини во 23. минута ги доведе домаќините во водство, а Димитар Грозданоски израмни во 40. минута. Горан Илиоски од пенал во 64. минута го комплетираше пресвртот и му ја донесе на Млекар првата победа сезонава. Со освоените три бода Млекар го прескокна Влазними Јуниор, кој остана на последното место.



Во саботниот дел од колото Победа Прилеп и Борец забележаа убедливи победи, Ултрас славеше во Бучин, а Росоман и Башкими одиграа без голови.

Победа Прилеп – Питу Гули 5:0

Мартин Никовиќ го отвори резултатот во 10. минута, а Александар Ристевски во 31. зголеми на 2:0. Јани Пажиќ си постигна автогол во 48. минута, Марио Наумоски погоди во 54., а Никовиќ со вториот погодок во 60. минута ги постави конечните 5:0.

Победа Пепелиште – Борец 0:11

Пеце Стојанов постигна четири гола, во 16., 39., 69. и 89. минута. Милан Чичевски погоди во 12. и во 36. минута од пенал, а Павел Панов во 72. и 75. минута. По еден погодок додадоа Ангел Гаштев во 33., Марио Наумовски во 64. и Лука Северов во 86. минута. Борец со оваа победа стигна до 40 постигнати гола сезонава.

Бучин – Ултрас 1:3

Бобан Тошески во 14. минута го доведе Ултрас во водство, а Зоран Мирчески израмни во 36. минута. Роберт Димитријески во 61. повторно ги доведе гостите во предност, пред Петар Петроски во 90+2. минута да ја потврди победата.

Росоман 83 – Башкими 2008 0:0

Единствениот натпревар без голови во колото им донесе по еден бод на Росоман и Башкими. Росоман сега има 15 бода, а Башкими 13.

Победа Прилеп остана непоразена и води со 28 бода, седум повеќе од Борец. Големо Коњари е трет со 19, пред Венец со 18 и Питу Гули со 16 бода. Ултрас со втората последователна победа се приклучи кон Башкими и Победа Пепелиште на 13 бода.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дрита продолжи без пораз, Алији со четири гола, Радески со хет-трик за пресврт на Вардар Брвеница

Дрита со победа од 0:2 кај Џепчишти ја продолжи позитивната серија во Третата лига – Регион 6. Арлинд Алији постигна четири гола во...

Трета лигаФудбал

Влазерими побегна на пет бода, Кравари со шест гола, Крошу Спорт до три бода во дуелот со Напредок Ношпал

Влазерими со победа од 4:2 кај Баир Спорт ја зголеми предноста на врвот во Третата лига – Регион 5. Кравари со убедливи 6:0...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Илинден десет од десет и десет бода предност, Аеродром го доби дербито со БВК Коњаре

Илинден ја продолжи победничката серија и со триумфот од 2:0 кај Студеничани...

Трета лигаФудбал

Јуниор со голем пресврт против Пчиња – Петрушевски се врати по повредата и донесе победа!

Фудбалерите на Јуниор стигнаа до значајна победа откако со 2:1 славеа против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!