Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци на домашен терен со 24:20, во меч од десеттата рунда.
„Гладијаторите“ стигнаа до осмиот триумф и се тоа се израмнија на второто место со Еурофарм Пелистер, а пак богданчани го забележаа седмиот триумф и со фокус се на следниот меч против Струга каде ќе се бара првата радост во „Млаз“.
Охрид отвори со серија од три гола преку Кеита, Иванковиќ и Ѓукиќ, Бојаниќ го постигна првиот гол за Младост погодувајќи против својот поранешен клуб во салата во која направи големи историски успеси за „гладијаторите“ за 3:1.
Младост успеа да влезе во серија и израмни на 5:5 по тринаесет минути игра, но потоа Охрид се одлепи на плус четири при 11:7, но Младост не се предаде и на полувреме имаше негатива од два гола односно 13:11.

Во второто полувреме имаше долга низа без гол, првиот гол падна во 38. минута кога младиот Каркалашев погоди за 13:12, а потоа „гладијаторите“ имаат серија од пет гола за 18:12, а разликата се зголеми и на 23:16.

До крајот на мечот Младост имаше сили да го ублажи поразот на четири разлика односно 24:20, што е најава за тимот на Горан Андоновски кој во следното коло на домашен терен ќе ја бара првата радост против Струга.
Дарко Ѓукиќ со пет гола беше прво име кај Охрид, а го следеа Мартин Ивановски и Адама Кеита, кај Младост најдобар беше Даниел Андоновски со осум гола, зад него е Владимир Бојаниќ со шест гола.
