Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска победа, а пак тимот од Кавадарци го запиша четвртиот сезонски пораз.
Само во првите десет минути беше неизвесно, а потоа битолчани започнаа да создаваат предност и на полувреме беше 17:13.
На стартот од вториот дел Тиквеш намали на минус два при 19:17, а потоа Еурофарм Пелистер влезе во одлична серија на погодоци и стигна до плус десет при 31:21 на десет минути пред крајот на мечот и сите работи беа решени. Завршницата беше рутина за домаќинот кој ја завери осмата победа со 37:26.
Петар Атанасијевиќ беше прв стрелец со девет гола кај битолчани, а пак Жарко Пешевски имаше шест од шест, во тимот на Кристијан Грчевски најдобар со осум гола од десет обиди беше Тоше Ончев.
Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе игра дерби против Алкалоид во Автокоманда, а пак Тиквеш го очекува дерби на домашен терен со Охрид.