Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година.
Ждрепката посака бранителот на Куп титулата Тиверија Брера да се соочи со Пелистер во Струмица, а пак во Каменица Саса ќе се одигра дербито меѓу Каменица Саса и Љуботен.
Според ваквите околности можно е реално ланско финале, ако Тиверија Брера и Каменица Саса ги добијат противниците во полуфиналето и со тоа уште еднаш се соочат во големото финале.
Минатата сезона Тиверија Брера убедливо ја доби Каменица Саса во Куп финалето одиграно на стадионот во Ѓорче Петров, со што струмичанки стигнаа од својата втора сезонска Куп титула, а сега ја бранат истата во обид за нова историја, трета Куп титула и за првпат да ја одбранат истата.