ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Сподели
Сподели

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта лига група А откако со убедливи 1:5 го доби Кадино. Игор Пандовски постигна дури три гола во мрежата на поранешниот второлигаш, а гол постигна и Филип Стојчевски, кој во 7. минута го отвори резултатот.

За домашниот тим единствен стрелец беше Далибор Николовски во 53. минута, а пак Јован Стојановски си постигна автогол.

Петровец преку головите на Коле Стојановски и Ферди Исмаиловски во првиот дел, како и голот на Малик Дечковиќ славеше со 0:3 над Зелениково.

Гоце Делчев на домашен терен беше подобар од Победа со резултат од 2:1, кој понуди повеќе од неизвесна трка за трите бодови. Домаќинот прв дојде до предност преку Марко Мицевски во 6. минута, а само шест минути подоцна Седат Сали израмни на 1:1.

Дилемите за трите бодови ги реши Иван Петревски во 75. минута за конечни 2:1.

Долно Коњари забележа домашен пораз од тимот на Бујковски, кој со 1:3 беше подобар. Сите три гола гостинот ги постигна во првиот дел, а стрелци на истите беа Јованче Видински за отварање на резултатот во 6. минута, како и Кристијан Јовановски како и Влатко Трпковски.



За домашниот тим единствен стрелец беше Ведат Арслан кој погоди во 51. минута од средбата.

Ускуп со голот на Алтај Червани во 30. минута го совлада Бунарџик со минимални 0:1.

По седум кола на врвот е Бујковци со 19 бодови, со ефект од шест победи и едно реми, Гоце Делчев е втор со 18 бодови, а пак Петровец е трет со 17 бодови. Бод помалку има Маџари Солидарност кој се наоѓа на четвртото место, а пак на петтата позиција е Победа со 12 бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта лига група А откако со убедливи 1:5 го доби Кадино. Игор...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и една гостинска победа со голем број на погодоци. Лозар на домашен...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!