ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Сподели
Сподели

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и една гостинска победа со голем број на погодоци.

Лозар на домашен терен со 3:1 го доби Полет од Тремник, дуел во кој домашниот тим имаше два гола предност преку погодоците на Филип Лазаревски и Оливер Павлов. Во вториот дел Орданчо Дончев во 56. минута погоди за 3:0, а две минути подоцна Махмуд Шерифов постигна гол и го ублажи поразот на конечните 3:1.

Вардар Бистренци ги освои трите бодови во дуелот со Напредок од Војшанци откако славеше со 1:2. За гостинскиот тим погодија Никола Камчев и Трајче Ѓоргиев, а за домашниот тим Петар Трајков.

Голем триумф имаше Јанг Боис кој со 6:2 го доби убедливо Младост од Корешница. За домашниот тим двојни стрелци беа Орданче Ташев и Игно Ристов, а по еден гол постигнаа Никола Ивановски и Ерѓун Синанов, а за гостинскиот тим Александар Димитриевиќ беше двоен стрелец.



На врвот од табелата е Лозар со 11 бодови од три победи и две ремија, единствениот поразен тим, втор е Вардар Бистренци со 10 бодови, а пак Младост е трет со седум бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта лига група А откако со убедливи 1:5 го доби Кадино. Игор...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и една гостинска победа со голем број на погодоци. Лозар на домашен...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!