Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига Струмица, откако во гости го декласираше Подгор со неверојатни 0:10.
Домашниот тим беше инфериорен на теренот и немаше сили да го запре налетот на расположениот гостин. Роберт Глигоров постигна дури четири гола, а двојни стрелци беа Ристе Митев и Васко Глигоров, а по еден гол постигнаа Горан Тушевски и Џоко Стоилов.
Грозд со 1:2 славеше на гостувањето кај Илинден од Добрејци, дуел каде гостинот имаше два гола предност на полувреме, стрелци беа Окан Дураков и Ердал Демиров, а пак за домаќинот во вториот дел стрелаа Матео Гоцев.
Трите бодови останаа во радовишко Злеово откако Слога со 4:2 го доби тимот на Банско. Домаќинот го отвори резултатот во 26. минута преку Иле Бекарски за гол предност на полувреме. Во вториот дел следуваше 1:1 преку Андреј Андонов во 61. минута, а само три минути подоцна Трајче Чамов погоди за 2:1 и нова предност на Слога.
Во 78. минута Ангел Филипов зголеми на 3:1, а две минути подоцна Ердал Зејнелов намали а 3:2, но по една минута Давид Костадинов погоди за конечните 4:2.
Единствениот меч на кој немаше победник за делба на бодовите беше тој меѓу Спартмани и Напредок Радово, каде беа постигнати четири гола за конечни 2:2.
Гостинот имаше два гола предност по првиот дел, двоен стрелец беше Мартин Пецев, а во вториот дел во една минута домаќинот погоди двапати за конечни 2:2, а стрелци беа Џавит Демиров и Васе Митев.
Интер Кукла во гости со 2:5 го доби Единство од Пиперово преку двата гола на Филип Муканов, како и погодоците на Никола Костадинов, Васе Панов и Васко Дрвошанов, а за домаќинот погодија Петар Томов и Даниел Томов.
Струмешница ги освои бодовите во соочувањето со Муртино во гости со резултат од 1:2. Иван Спасов донесе гол предност по првите 45 минут, а во вториот дел Столе Иванов зголеми на 0:2. Во самиот финиш Ване Пандевски само го ублажи поразот на 1:2 во 89. минута.
Средбата меѓу Василево и Готен од Подареш е одложена и ќе се игра во нов термин.
На лидерското место е Грозд со 13 бодови, втор е Василев со 12 бодови колку што има и Интер Кукла, а пак Готен е четврти со десет бодови, но Василево и Готен имаат одложен меч (нивниот меѓусебен) и тие три бодови ќе направат промени при самиот врв во Општинската фудбалска лига во Струмица.