Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Сподели
Сподели

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со младите спортисти! Team Carvalho од Радовиш забележа голем успех на Државното првенство, освојувајќи вкупно 11 медали, од кои десет златни и еден сребрени. Радовишките борци покажаа одлична подготвеност, техника и борбеност, потврдувајќи дека клубот успешно гради нова генерација таленти.

Младите натпреварувачи на Team Carvalho имаа исклучително успешен настап, а дури десетмина успеаја да стигнат до највисокото место на победничкиот пиедестал.

Со златни медали се закитија персективната Изаебела Зајков, Нико Поцков во категоријата до 40 килограми, Димитриј Панчев до 55 килограми, Стефан Илиев до 48 килограми, Филип Зајков до 36 килограми, Давид Зајков до 32 килограми и Виолета Зајкова до 28 килограми.

До шампионски титули стигнаа и Анабела Поцева и Евтерпи Димитрова, двете во категоријата до 40 килограми, како и Кристијан Костадинов во категоријата до 44 килограми.

Успешниот настап го надополнија Адам Димитров, кој освои сребрен медал во категоријата до 28 килограми, и Спасе Димитров, кој заврши на второто место во категоријата до 40 килограми.

Десет златни и два сребрени медала за Team Carvalho

Златни медали:

🥇 Изабела Зајков – до 65 кг
🥇 Нико Поцков – до 40 кг
🥇 Димитриј Панчев – до 55 кг
🥇 Стефан Илиев – до 48 кг
🥇 Филип Зајков – до 36 кг
🥇 Давид Зајков – до 32 кг
🥇 Виолета Зајкова – до 28 кг
🥇 Анабела Поцева – до 40 кг
🥇 Евтерпи Димитрова – до 40 кг
🥇 Кристијан Костадинов – до 44 кг



Сребрени медали:

🥈 Спасе Димитров – до 40 кг
🥈 Адам Димитров – до 28 кг (ревијална борба)

Покрај освојувачите на медали, свој настап имаа и Владимир Атанасовски во категоријата до 44 килограми и Драган Гоцев до 48 килограми.

Двајцата учествуваа во ревијални борби, во кои прикажаа добра техника, голема желба за докажување и борбеност, оставајќи позитивен впечаток со своите настапи.

Сопствена спортска сала и голем интерес кај децата во Радовиш

Успехот на Државното првенство е уште една потврда за посветената работа што се одвива во Team Carvalho, клуб кој сè повеќе го привлекува вниманието на младите спортски таленти во Радовиш.



Особено значајно е што клубот располага со сопствена спортска сала, во која младите борци имаат услови за редовни тренинзи, спортски развој и усовршување на своите вештини.

Интересот за тренирање е голем, а во клубот секојдневно се подготвуваат голем број деца кои преку спортот учат за дисциплина, почитување, истрајност и тимски дух.

Токму масовноста, посветеноста и континуираната работа со најмладите се основата врз која Team Carvalho ја гради својата спортска приказна.



Освоените медали се награда за вложениот труд, но и дополнителен мотив за младите натпреварувачи да продолжат со напорната работа и да се стремат кон нови успеси.

Радовиш добива нова генерација успешни борци

Зад секој медал стојат часови поминати на тренинзи, упорност, одрекувања и желба за напредок. Уште поважно, резултатите покажуваат дека во Радовиш постои голем потенцијал за развој на младите боречки таленти.

Team Carvalho со овој настап испрати силна порака дека Радовиш има талентирани млади спортисти, квалитетна спортска средина и клуб кој со својата работа заслужува признание и поддршка.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!