Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Сподели
Сподели

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и Баир Спорт кој се игра во Кичево, сите останати во недела, а колото ќе се затвори со мечот меѓу Чардак Велгошти и Напредок од Ношпал, закажан за 13 декември 2026 година.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите мечевите.

Утрешниот меч во Кичево меѓу Напредок и Баир Спорт ќе го суди Ѓорѓи Лаброски, а ќе му помагаат Јован Анѓелески и Кренар Бекри.

Дербито на колото се игра во Кичево меѓу Влазерими и Караорман од Струга, а правдата ќе ја дели искусниот Фатмир Бафто, а негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Дејан Митрев.

Мечот меѓу Преспа и Влазними во Струга ќе го суди Петар Цфетко со помошниците Борче Цветковски и Алмир Бајрами.



Демир Хисар на домашен терен ќе игра со Кравари, а за правдата е задолжен Стефан Петрушевски, а ќе му асистираат Горан Петревски и Антонио Стојоски.

Главен судија на мечот меѓу Крошу Спорт и Могила ќе биде Владимир Ѓорѓиевски, а помошници ќе бидат Љупчо Богдановски и Горан Танчевски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!