Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на нации против Шкотска и Словенија, а селекторот Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери.
На списокот се најдоа 26 фудбалери, меѓу кои и напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски. Во националниот тим повторно се враќаат Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 13 ноември против Шкотска во Глазгов, додека три дена подоцна, на 16 ноември, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека Словенија.
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);
Одбрана: Никола Серафимов (Левски, Бугарија), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Имран Фетаи (Динамо Букурешт, Романија);
Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);
Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Марко Ѓорѓиевски (Шкендија), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум).