Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис Ројевиќ ќе одигра пет натпревари, три во домашното првенство и два на европската сцена, а распоредот носи серија важни пресметки во борбата за остварување на сезонските амбиции.

Ноемвриската програма започнува на 13 ноември, кога охриѓани пред својата публика во салата „Билјанини извори“ ќе го пречекаат Младост Богданци во натпревар од 10. коло во Супер лигата. Четири дена подоцна, на 17 ноември, „гладијаторите“ ги очекува гостување во Кавадарци против Тиквеш, во рамките на 11. првенствено коло.

Потоа следува европскиот предизвик. На 21 и 22 ноември, Охрид ќе се соочи со литванскиот Драгунас Клаипеда во двомечот од третото коло на ЕХФ Европскиот Куп. Двете средби ќе се одиграат во „Билјанини извори“, па охриѓани ќе имаат предност на домашниот терен и поддршката од своите навивачи во обидот да обезбедат место во следната фаза од натпреварувањето.

ФОТО: ГРК Охрид

Ноемврискиот распоред ќе биде заокружен со големо дерби. Имено, на 28 или 29 ноември, во Битола, Охрид ќе му гостува на Еурофарм Пелистер во натпревар од 12. коло на Супер лигата.

Пред охриѓани е месец исполнет со важни натпревари, во кој секој бод и секоја победа ќе имаат големо значење. Европските амбиции, првенствените предизвици и гостувањето во Битола го прават ноември еден од најинтензивните периоди за избраниците на Ројевиќ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

ВИДЕО: Максути од пенал во 93. минута го реши дербито: Љуботен на „плус четири“ пред Скопје

Љуботен со гол од пенал во судиското продолжение го доби дербито против шампионот Скопје со 3:2 и ја зголеми предноста на врвот во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија ги дозна противниците во Лигата на нации, Андов: Верувам во потенцијалот на оваа генерација!

Женската А фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во новото издание на УЕФА Лигата на нации. На денешната ждрепка, одржана во Нион,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!