ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера Струмица поразена од Хофенхајм со три гола, македонскиот тим заслужи гол!

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Брера Струмица загуби од Хофенхајм со 0:3 на првиот меч во Струмица од второто коло на младинската Лига на шампиони, со што македонскиот тим во Германија патува со три гола негатива. Ако само половина од шансите кои ги имаше Брера беа крунисани во гол, тогаш резултатот ќе беше сосема поинаков.

Хофенхајм одлично го отвори натпреварот и од самиот почеток започна иницијатива кон голот на Брера Струмица, македонскиот шампион во грч го започна мечот и тоа резултираше со рано водство на германскиот тим, откако резултатот беше отворен во 10. минута преку голот на Криштоф Чижек а само две минути подоцна Емил Крамер зголеми на 0:2.

По обидите на Брера Струмица за стабилизација на играта во средината од теренот, а потоа преку втора зона да се конектира со третата зона, неуспешните обиди германскиот тим ги казни со трет гол во 18. минута, а стрелец на истиот беше Давид Крета.

Следуваше шанса на Брера Струмица преку Танчев, но не успеа да има завршница каква што посакуваше македонскиот тим.

Најголемата шанса дојде во 36. минута кога Танчев имаше силен удар, но голманот Нико Бидерман успеа да го одбрани, а одбиената топка ја собра капитенот Танчев и биеше уште една, но одново Бидерман го одбрани ударот.

Во продолжението од мечот Брера Струмица играше подобро и подобро, штета што таа игра дојде по трите гола, но до крајот на првиот дел не успеа македонскиот тим да постигне гол и на полувреме замина со негатива од три гола.

На стартот од вториот дел голема шанса имаше Брера Струмица откако Игор Ристов доби долга топка и на спринт тргна кон голот на Бидерман, но беше соборен од позади, а судијата беше сигурен дека немало елементи за прекршок, каде што требаше да покаже и црвен картон.

Во продолжението од мечот германскиот тим имаше своја шанса, а на спротивната страна Габриел Талески доби можност да постигна гол за Брера Струмица, но изостана реализацијата.

Уште една огромна шанса имаше Брера Струмица преку Митрев во 68. минута по ситуацијата од горен, шанса која сами ги собра воздишките кај публиката на „Младост“. Инцијативата ја имаше Брера Струмица која играше одлично во вториот дел, но фалеа погодоците, фудбалерите на Стојчев заслужија погодок.

Во 73. минута од средбата Игор Ристов беше соборен во шеснаесетникот, но без елементи за најстрога казна, а медицинскиот тим на струмичкиот клуб му укажа лекарска помош на Ристов.

Најголемата шанса на натпреварот ја имаше Ристов откако биеше преку голманот но топката заврши само покрај голот, навистина штета што топката не влезе во мрежата, а публиката веќе беше спремна за славје на овој гол. Поради недозволена ситуација во 88. минута беше поништен гол на Хофенхајм.

Со три гола негатива тимот на Ѓорѓе Стојчев патува во Германија во обид за подобар резултат, а за младите фудбалери ова е огромно искуство на меѓународната сцена.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

Пеналите кобни за Брегалница, Тиквеш го исфрли Вардар, Работнички преку Богданоски ја доби Саса

Познати се седум четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако денес беа одиграни седум натпревари од осминафиналето, Вардар заврши со настапите во Купот на...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера Струмица поразена од Хофенхајм со три гола, македонскиот тим заслужи гол!

Македонскиот шампион Брера Струмица загуби од Хофенхајм со 0:3 на првиот меч во Струмица од второто коло на младинската Лига на шампиони, со...

Поврзани написи
КупФудбал

Пеналите кобни за Брегалница, Тиквеш го исфрли Вардар, Работнички преку Богданоски ја доби Саса

Познати се седум четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако денес беа одиграни...

ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица против Хофенхајм за продолжување на европската младинска авантура

Македонскиот младински шампион Брера Струмица денеска го очекува нов голем предизвик на...

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!