Познати се седум четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако денес беа одиграни седум натпревари од осминафиналето,
Вардар заврши со настапите во Купот на Македонија откако на домашен терен беше елиминиран од Тиквеш со што тимот од Кавадарци патува во четвртфиналето со резултат од 1:3.
За скопскиот тим погоди Бобан Николов, за кавадаречкиот Виздом Окере, Нфали Сила и Тохиб Лавал.
Шкендија Арачиново со 0:2 го доби Башкими и патува во четвртфиналето од Купот на Македонија преку головите на Марко Симоновски и Бесер Демири.
Македонија ЃП преку пенали ја исфрли штипска Брегалница од Купот на Македонија откако во регуларниот дел беше 2:2 во пенал серијата „лавовите“ беа подобри со 5:4.
Брегалница имаше два гола предност на полувреме преку Иван Николов и Иван Глигоров, во вториот дел Борјан Томовски намали, а пак во 89. минута Бесмир Исмани погоди за 2:2 и го одведе мечот во пенал серијата каде Македонија ЃП беше подобра
Скопје со минимални 1:0 славеше над Новаци за следна фаза со голот на Милош Гордиќ. Тренерот Иван Варадиновски донесе радост за „пиратите“ против клубот кој го водеше на почетокот од сезоната.
Работнички се намачи за пласман во следната фаза откако на домашен терен го доби третолигашот Каменица Саса со 3:2, „рударите“ го намачија фаворитот и беа пред можноста да направат изненадување.
За „романтичарите“ хет-трик постигна Александар Богданоски, а пак за тимот од Македонска Каменица двоен стрелец беше Филип Николоски.
Струга Трим Лум со двата гола на Марјан Радески се пласираше во следната фаза од Купот на Македонија откако со 2:0 славеше над второлигашот Беласица.
Од 16:30 часот ќе започне мечот во Битола меѓу Пелистер и Силекс.
Последниот патник ќе се добие на 25 ноември кога ќе се одигра дуелот меѓу Брера и Арсими.