ИнтернационалциФудбал

Брера Струмица против Хофенхајм за продолжување на европската младинска авантура

Сподели
Сподели

Македонскиот младински шампион Брера Струмица денеска го очекува нов голем предизвик на европската сцена. Струмичани во второто коло од Младинската лига на шампиони ќе се соочат со германскиот шампион Хофенхајм, а натпреварот на стадионот „Младост“ започнува во 14:00 часот.

Избраниците на Ѓорѓе Стојчев до оваа фаза стигнаа откако успешно ја минаа првата пречка, елиминирајќи ја Санта Колома од Андора. На првиот натпревар на гостински терен Брера славеше со 0:3, додека на реваншот во Струмица убедливо триумфираше со 8:0 и со вкупни 11:0 обезбеди пласман во второто коло.

Сепак, сега пред струмичани стои далеку посериозен предизвик наречен Хофенхајм, а квалитетот на германскиот претставник најавува значително потежок двомеч за македонскиот првак.

Во Брера Струмица се свесни за квалитетот на противникот и за предизвикот што ги очекува, но атмосферата во екипата е позитивна. Струмичани веруваат дека со максимална ангажираност, дисциплина и поддршка од домашната публика можат да стигнат до поволен резултат пред реваншот во Германија.

Овој натпревар има посебно значење за младинскиот фудбал во Македонија. Брера Струмица веќе испиша историја, станувајќи првиот македонски младински шампион кој успеал да ја мине првата пречка во Младинската лига на шампиони и да се пласира во второто коло.

Затоа, денешниот дуел со Хофенхајм е многу повеќе од обичен натпревар. За младите фудбалери на Брера ова е огромно меѓународно искуство, можност да ги одмерат силите со ривал од германскиот фудбал и дополнително да напредуваат низ натпревари од ваков ранг.

Со позитивни мисли и желба за нов европски успех, фудбалерите предводени од Ѓорѓе Стојчев ќе се обидат да ја продолжат својата европска авантура.

Брера Струмица – Хофенхајм
📍 Стадион „Младост“, Струмица
🕑 Почеток: 14:00 часот

Сега е редот на струмичката публика да им даде поддршка на младите фудбалери во уште еден историски европски предизвик.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

Пеналите кобни за Брегалница, Тиквеш го исфрли Вардар, Работнички преку Богданоски ја доби Саса

Познати се седум четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако денес беа одиграни седум натпревари од осминафиналето, Вардар заврши со настапите во Купот на...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера Струмица поразена од Хофенхајм со три гола, македонскиот тим заслужи гол!

Македонскиот шампион Брера Струмица загуби од Хофенхајм со 0:3 на првиот меч во Струмица од второто коло на младинската Лига на шампиони, со...

Поврзани написи
КупФудбал

Пеналите кобни за Брегалница, Тиквеш го исфрли Вардар, Работнички преку Богданоски ја доби Саса

Познати се седум четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако денес беа одиграни...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера Струмица поразена од Хофенхајм со три гола, македонскиот тим заслужи гол!

Македонскиот шампион Брера Струмица загуби од Хофенхајм со 0:3 на првиот меч...

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!