Осогово дури во 9. коло на Втората лига стигна до првата сезонска победа, откако на домашен терен со 3:1 ја совлада Брера Струмица.
Ова беше прва победа и за новиот тренер Спирко Златков, кој претходно дебитираше со пораз од Пелистер во Битола (3:0), а сега му ја донесе првата радост на Осогово.
“Жетварите” остануваат и натаму на претпоследното место, но сега имаат шест бода на своето конто, два помалку од зоната за директен опстанок.