Прва лигаФудбал

Јахја: Во Кавадарци одиме со јасна цел — да се вратиме со бодови

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Башкими денес ќе гостува во Кавадарци, во рамките на 11-тото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кумановци влегуваат во овој дуел по минатонеделниот пораз од 0:3 против Силекс, но традицијата е на нивна страна — Башкими има позитивен биланс против кавадарчани во последните 9 меѓусебни пресметки.

Фавзи Јахаја истакнува дека ги чека исклучително тешко гостување, но ветува дека целата екипа ќе го даде максимумот за позитивен резултат.

„Во Кавадарци одиме со јасна цел — да се вратиме со бодови. Гостувањето кај Тиквеш е секогаш тешко, но подготвени сме да дадеме сè од себе на теренот за да ги оствариме нашите амбиции“, изјави Јахаја.

Статистиката од последните 9 дуели најавува неизвесна борба: Тиквеш има запишано 3 победи, Башкими славел на 4 натпревари, додека 2 средби завршиле без победник.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Башкими ќе се одигра на стадионот во Кавадарци со почеток од 14:00 часот, а правдата на овој дуел ќе ја дели главниот судија Димитар Пилешков.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово се израдува на првиот триумф, победничка фотка од соблекувалната

Осогово дури во 9. коло на Втората лига стигна до првата сезонска победа, откако на домашен терен со 3:1 ја совлада Брера Струмица....

Прва лигаФудбал

Стојанов: Атмосферата во Брегалница е добра, одиме на три бода против Арсими

Брегалница е една од двете екипи во Првата македонска фудбалска лига која и натаму нема победа на гостински терен во досегашните 10 кола....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осогово се израдува на првиот триумф, победничка фотка од соблекувалната

Осогово дури во 9. коло на Втората лига стигна до првата сезонска...

Прва лигаФудбал

Стојанов: Атмосферата во Брегалница е добра, одиме на три бода против Арсими

Брегалница е една од двете екипи во Првата македонска фудбалска лига која...

Прва лигаФудбал

Џемаили: Арсими сака три бода во дуелот со Брегалница

Арсими ги продолжува подготовките за следниот првенствен натпревар против Брегалница, средба која...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!