По девет одиграни кола, со тоа што петтото коло со мечот меѓу Работнички и Брера Струмица не е комплетирано, веќе има две екипи кои започнуваат да се одлепуваат на врвот од табелата односно на првите две позиции кои директно водат кон Прва лига.
Охрид е лидер со 22 бодови, а го следи второпласираниот Пелистер со еден бод помалку, зад нив е Работнички како трет со 18 бодови, а пак Брера Струмица е четврта со 15 бодови. Меѓусебниот дуел меѓу двата лански прволигаши може да промени некои работи околу борбата да се фати сериозен приклучок за позициите кон директен пласман во Прва лига, или пак сериозно да се напаѓа третото место кое води кон баражот за елитата.
На 5. место изби Камјани, дебитантот има 14 бодови на своето конто и од сенка сигурно е дека ќе му растат апетитите да се вмеша за баражот за Прва лига.

Тетекс и Беласица го делат шестото место со по 13 бодови, а пак Македонија ЃП е осма со 11 бодови, додека пак Кожуф е последниот тим со двоцифрен број на освоени бодови односно десет за деветто место.
На десеттото место е Детонит Плачковица со девет бодови, Новаци е на 11. место со осум бодови, во зоната за испаѓање нема промени, но станува неизвесно.
Еуромилк ГЛ е на 12. место со седум бодови, Осогово е претпоследен со шест бодови, на дното е Шкупи без бодови.