Втора лигаФудбал

Тренерска промена во Радовиш: Горан Здравков спогодбено се раздели со Детонит Плачковица

Сподели
Сподели



Седма тренерска промена во Втората македонска фудбалска лига, второлигашот Детонит Плачковица и досегашниот стратег Горан Здравков спогодбено се разделија, со што тимот од Радовиш ќе добие нов тренер.

Според информациите на Спортска Мрежа, Детонит Плачковица ќе го води досегашниот помошник на Здравков, Драги Коцев, кој во изминатите пет сезони беше дел од стручните штабови на Детонит Плачковица, останува да потврди клубот дали како привремено или трајно решение.

Според наши ексклузивни информации, Коцев веќе два дена го подготвува тимот на Детонит Плачковица за саботното соочување против Еуромилк ГЛ во Радовиш, во меч од 9. коло на ВМФЛ.



Претходно, тренерски промени имаше во Осогово, Еуромилк ГЛ, Детонит Плачковица, Новаци, Кожуф, Камјани и Беласица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар блесна среде Франција: „Црвено-црните“ го надиграа Нант и стигнаа до првата победа во ЛШ!

Ракометарите на Вардар 1961 приредија вистинска сензација на гостувањето во Франција, совладувајќи го Нант со убедливи 33-27 во натпревар од групната фаза на...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата на шампионите, но првиот европски предизвик заврши со пораз. Штипјани на...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани, казни за четворица фудбалери

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по одигрувањето на...

ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!