Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски одлуки на натпреварите од 10. коло во Првата и 8. коло во Втората македонска фудбалска лига. Генералната оценка е дека судењето било на одлично ниво, со правилна примена на Правилата на фудбалската игра, добра контрола на натпреварите и соодветно донесување на клучните одлуки.

Во анализата се издвојуваат неколку спорни ситуации во кои е потврдена исправноста на одлуките на теренот, но и случаи во кои ВАР-системот овозможил корекција на првичните процени на главните судии.

На натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Струга Трим Лум, во 24. минута, по првично непрепознаен прекршок врз напаѓачот на гостинската екипа, ВАР-судиите правилно интервенирале и предложиле преглед на снимката на теренот. По прегледот, главниот судија ја променил одлуката и досудил пенал, а на одбранбениот играч му покажал директен црвен картон за спречување очигледна можност за постигнување гол (DOGSO).

Исправна била и одлуката на натпреварот меѓу Башкими и Силекс, каде што во 81. минута, по ВАР-проверка, бил поништен погодокот на домашната екипа поради офсајд-позицијата на играчот со број 80, кој учествувал во акцијата што му претходела на голот.

На дуелот Арсими – Тиквеш, во 23. минута, правилно бил поништен погодокот на домашниот тим поради офсајд.

Судискиот одбор се осврнал и на ситуацијата од 74. минута, во која судиите на теренот донеле исправна одлука дека немало игра со рака од страна на одбранбениот играч на гостинската екипа во сопствениот казнен простор.

Во анализата е опфатен и натпреварот од Втората МФЛ меѓу Еуромилк ГЛ и Новаци, каде што главниот судија правилно препознал обид за симулација во казнениот простор. Според процената, напаѓачот сам иницирал контакт со противничкиот играч со намера да изнуди прекршок, без недозволено дејство од страна на одбранбениот фудбалер.

Како позитивни елементи во оваа ситуација се посочуваат добрата поставеност на судијата, близината до местото на настанот и соодветниот агол на набљудување, кои му овозможиле правилно да ја процени ситуацијата.

Од Судискиот одбор нагласуваат дека исправното судење не подразбира секоја првична одлука да остане непроменета, туку конечната одлука да биде правилна и во согласност со Правилата на фудбалската игра. Подготвеноста за корекција кога постојат јасни основи за ВАР-интервенција претставува професионална одговорност, а не слабост на судискиот тим.

Воедно, од ФФМ ја истакнуваат важноста на објективноста при анализирањето на спорните ситуации, нагласувајќи дека процените треба да се темелат на Правилата на фудбалската игра и ВАР-протоколот, земајќи го предвид целосниот контекст на акцијата, а не селективно прикажани или дигитално изменети фотографии.

Судискиот одбор најавува дека ќе продолжи со стручни анализи, едукација и оценување на судиските перформанси, со акцент на усогласувањето на критериумите, правилната примена на ВАР-протоколот и понатамошното унапредување на квалитетот на судењето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда ќе го има историскиот дебитантски настап во Лигата на шампионите. Противник...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски одлуки на натпреварите од 10. коло во Првата и 8. коло...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!