Втора лигаФудбал

Легендата Благој Митев добива признание од Беласица пред големото струмичко дерби со Брера!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Беласица во недела ќе му оддаде посебно признание на Благој Митев, една од најзначајните личности во историјата на струмичкиот клуб и македонскиот фудбал. Пред почетокот на градското дерби против Брера, Митев ќе добие плакета и врамен дрес како знак на благодарност за сè што направил за Беласица низ годините.

Свеченоста ќе се одржи пред дуелот меѓу Брера и Беласица, кој е закажан за недела од 18 часот, во рамките на 8. коло од Втората македонска фудбалска лига. Од клубот упатија повик до целата фудбалска јавност и навивачите во што поголем број да присуствуваат, да му оддадат почит на Митев и да го поздрават неговото заминување.

Благој Митев својата фудбалска кариера ја започнал на само 14 години во младинската школа на Победа од Прилеп. Со прилепскиот клуб настапувал и неколку сезони во Втората југословенска лига – Исток, а во летото 1978 година пристигнал во Беласица, каде што ги поминал најубавите години од својата играчка кариера.

Митев со години важел за еден од најдобрите леви бекови во Првата македонска лига. Во 1983 година со Беласица ја освоил титулата шампион на Македонија, а со струмичкиот клуб настапувал и четири сезони во Втората југословенска лига – Исток. Во деветте сезони поминати во дресот на Беласица одиграл 186 првенствени натпревари и постигнал осум голови. Според бројот на настапи, се наоѓа меѓу 25-те фудбалери со најмногу одиграни натпревари во историјата на клубот.

Во летото 1987 година се преселил во Победа од Валандово, каде што настапувал три сезони. Митев во сениорскиот фудбал поминал вкупно 17 сезони, а играчката кариера ја завршил во јуни 1990 година.

Веднаш потоа започнал ново поглавје во својата кариера – тренерското. Од јули 1990 година почнал да работи како тренер, првично во Беласица, а подоцна долги години бил дел од Турново, со кое остварил значајни успеси. Во еден период работел и во Младост од Сушица, клуб кој тогаш се натпреварувал во Втората македонска лига.

Во сезоната 1997/98, заедно со Ратко Јанушев, ја предводел Беласица во Првата македонска лига. Во 2016 година повторно се вратил во клубот, по третпат во својата кариера, и следните десет години бил дел од стручниот штаб на струмичкиот тим. Како тренер, Митев поминал 36 сезони во сениорскиот фудбал, од кои 13 биле во стручниот штаб на Беласица.

Кога ќе се соберат играчките и тренерските години, Благој Митев има повеќе од пет децении посветени на сениорскиот фудбал. Неговото значење, сепак, не се мери само преку бројките, натпреварите и успесите.

Струмичани го паметат пред сè како исклучително добар човек, човек со коректен однос кон соиграчите и фер-плеј пристап кон противниците. Во текот на годините бил ментор на многу генерации фудбалери, оставајќи белег и како играч и како тренер.

Неделната церемонија пред градското дерби ќе биде можност Беласица и фудбалската јавност да му се заблагодарат за долгогодишната посветеност и придонесот во развојот на клубот. Во пресрет на дуелот со Брера, фудбалот во Струмица ќе биде во знакот на човекот кој најголемиот дел од својата спортска приказна го испиша во сино-белиот дрес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект вечерва гостува кај СЕЕ Университи, Јувентус Серава домаќин на Форца, дерби на Шкупи и Кеги Моби

Второто коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дуелот меѓу СЕЕ Университи и актуелниот шампион Проект, кој е закажан за 19:00...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Каменица Саса и шампионот Скопје, Љуботен на испит кај Пелистер, Тиверија Брера гостува во Струга

Деветтото коло од Првата македонска женска фудбалска лига носи неколку исклучително важни натпревари кои можат да предизвикаат сериозни промени на табелата. Во фокусот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва гостува кај СЕЕ Университи, Јувентус Серава домаќин на Форца, дерби на Шкупи и Кеги Моби

Второто коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дуелот меѓу...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Каменица Саса и шампионот Скопје, Љуботен на испит кај Пелистер, Тиверија Брера гостува во Струга

Деветтото коло од Првата македонска женска фудбалска лига носи неколку исклучително важни...

ФудбалФутсал

Започнува новата сезона: Црна Река, Балкан и Мал Ајакс во трка за враќање во футсал елитата!

Новата сезона 2026/2027 во Втората македонска футсал лига започнува утре, а борбата...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!