Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска беше одржана ждрепката за осминафиналната фаза од Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2026/27.
1/8 финалните натпревари се закажани од 27 до 29 октомври 2026, а извлекувањето донесе неколку интересни пресметки во битката за пласман меѓу најдобрите осум екипи во најмасовното фудбалско натпреварување во земјава.
- 1/8 финале, Куп на Македонија:
Скопје – Новаци
Струга ТЛ – Беласица
Брера – Арсими
Вардар – Тиквеш
Пелистер – Силекс
Работнички – Каменица Саса
Македонија ЃП – Брегалница
Башкими – Шкендија Арачиново
Точните термини и стадионите на кои ќе се одиграат натпреварите ќе бидат дополнително потврдени.