Фудбал

Игор Стојчевски се повлекува од судењето: Не сакам да страдаат моите најблиски поради невистини и манипулации

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски објави дека се повлекува од судењето, посочувајќи ги притисоците и, како што наведува, невистините што се шират за него во јавноста. Одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи, потврдувајќи дека веќе ги информирал надлежните во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Стојчевски во изминатиот период беше во центарот на вниманието по пријателскиот натпревар меѓу младинските репрезентации на Македонија и Русија, одигран во Скопје, кој заврши со победа на гостите од 3:2. Средбата предизвика реакции поради досудените пенали, а судиските одлуки беа предмет на критики и коментари во јавноста.

Во своето обраќање, Стојчевски нагласи дека во овој момент сака да му посвети повеќе време на семејството и дека не сака неговите најблиски да бидат погодени од она што го оценува како невистини и манипулации. Тој потврди дека за својата одлука ги известил претседателот на ФФМ, претседателот на судиската организација и комесарот за делегирање.

„Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки семејни времиња и не сакам да дозволам да страдаат моите најблиски поради невистини и манипулации што се шират во јавноста од осудувани криминалци“, вели Игор Стојчевски во објава на социјалните мрежи.

Повлекувањето доаѓа во период кога Стојчевски имаше можност за понатамошен професионален развој на меѓународната сцена. Во април годинава тој беше избран за учесник во програмата на УЕФА за талентирани судии и менторство за актуелната сезона.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!