Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе се игра во два термини, утрински и попладневни. Претставници од сите клубови вечерва беа во Струмица, каде се извлече ждрепката за новата сезона 2026/2027.
Ждрепката посака Готен да биде домаќин на Сачево, дуел кој ќе се игра во Подареш, а ќе стартува во 11 часот, во ист термин во Петралинци ќе игра Грозд против Банско, а пак во Мокриево е мечот меѓу Подгорд КМБМ и Интер Кукла.

Во 11 часот ќе се одигра и мечот меѓу некогашниот третолигаш Василево и Струмешница.
За од 15 часот предвидени се три мечеви. Илинден ќе игра против Напредок Здравје од Радово во Василево, Слога Злеово ќе игра против Младост Муртино во Подареш, а пак Единство ќе се соочи со Спартмани.

Во новата сезона ќе настапат 14 екипи, а шампионот стекнува право да учества во Трета лига регион 3.
