По четири кола во Трета лига регион 3 дури тројца играчи го делат врвот од листата на најдобри стрелци, а имаат постигнато по пет гола.
Доне Аргиров од Дојранско Езеро, Александар Коцев од Хоризонт Турново и Тоше Манов од Овче Поле се најдобри стрелци со по пет гола по четири кола.
По четири погодоци, имаат исто така тројца фудбалери – Марио Атанасовски од Брегалница Делчево, Никола Костадинов од Победа Валандово и Тони Мичковски од Малеш.
Во листата на стрелци со по три гола се запишаа четири фудбалери. Димитар Јанев од и Милан Миленковиќ од Дојранско Езеро, Мартин Тушевски од Хоризонт Турново и Филип Спенџарски од Каменица Саса.