Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот клуб во продолжението од сезоната.
Новото тренерско решение доаѓа со цел екипата во вториот дел од сезоната да продолжи со уште поголем ангажман и да ги оствари зацртаните клупски цели.
Алтипармаковски во работата со сениорскиот тим ќе има помош од Стојче Кречев, кој досега беше дел од стручниот кадар во младинските категории на Кожуф.
Новото тренерско дуо веќе започнува со работа, а во продолжението од сезоната ќе има задача да ја подготви екипата за предизвиците кои следуваат во Втората македонска фудбалска лига.
Алтипармаковски дебито ќе го има во рамките на седмото коло во Радовиш против Детонит Плачковица.