Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Башкими службено го доби мечот со ЖФК Менада, клубот од Тетово и фудбалерката пред Дисциплинска комисија

Сподели
ФОТО: ЖФК Башкими
Сподели

ЖФК Башкими 2024 службено го доби натпреварот со Менада од првото коло во Втората македонска женска фудбалска лига, откако Комисијата за женски фудбал при Фудбалската федерација на Македонија ја усвои жалбата на кумановскиот клуб.

Натпреварот одигран на 26 септември заврши со победа на Менада од Тетово со 0:4, но Башкими поднесе жалба поради неправилен настап на фудбалерката Ева Андонова.

Во жалбата, Башкими наведува дека Андонова настапила под друга легитимација, односно под името Софија Стефановска, која во записникот од натпреварот била заведена под број 7. Како доказен материјал клубот од Куманово доставил записник од натпреварот, видео снимки и фотографии од средбата.

Комисијата за женски фудбал при ФФМ ја усвои жалбата на Башкими, па натпреварот од првото коло меѓу Башкими 2024 и Менада е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Башкими.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Воедно, ЖФК Менада од Тетово и фудбалерката Ева Андонова се предадени на Дисциплинската комисија на ФФМ за понатамошна постапка. Тоа значи дека за случајот допрва треба да следи одлука од Дисциплинската комисија, која ќе одлучува за евентуалната одговорност на клубот и фудбалерката.

Со службената победа, Башкими сега има шест бодови по две одиграни кола и се искачи на делба на првото место со Ржаничино, кој исто така има максимални шест бода.



Топ Гол и Билјанини Извори се на третото и четвртото место со по три бода, но овие две екипи допрва треба да го одиграат меѓусебниот натпревар од второто коло, кој е закажан за утре.

Победа Валандово има три бода и се наоѓа на петтата позиција. Менада и Топ Грлс се без бодови, додека Плачковица од Радовиш е на минус три бода поради неиграњето на натпреварот од Купот на Македонија против Кочани.

Случајот со Менада и Ева Андонова сега продолжува пред Дисциплинската комисија на ФФМ.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Судиска анализа на ФФМ: Кардинална грешка на ВАР судиите, Вардар директно оштетен

Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија изврши стручна и детална анализа на клучната судиска одлука на натпреварот од 14. коло во Првата...

Ракомет

ФОТО: Охрид меѓу најдобрите 16 во Европа – „гладијаторите“ со две убедливи победи го елиминираа Драгунас!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи на европската сцена. Македонскиот суперлигаш обезбеди пласман во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако со две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Судиска анализа на ФФМ: Кардинална грешка на ВАР судиите, Вардар директно оштетен

Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија изврши стручна и детална анализа...

Трета лигаФудбал

Илинден со максимални 33 бода есенски шампион, БВК Коњаре и Аеродром во тесна трка зад лидерот

Илинден ја заврши есенската полусезона во Третата лига – Регион 1 со...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед го доби Пелистер во Битола и се израмни на табелата

Фудбалерките на Ас Јунајтед од Струга со победа ја затвори есенската полусезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!