РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна Гора во првиот од двата пријателски натпревари меѓу двете селекции.

Дуелот се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, а единствениот гол беше постигнат во 71. минута, кога Арда Илјазовски несреќно ја затресе сопствената мрежа.

Македонија во првото полувреме ја имаше најдобрата можност преку Васко Попалиски, кој шутираше од работ на шеснаесетникот, но не успеа да го совлада црногорскиот голман. Истиот фудбалер во вториот дел повторно беше во добра позиција, но по мешаницата во петерецот на противникот не успеа да реализира.

Вториот пријателски натпревар меѓу Македонија и Црна Гора ќе се одигра во вторник, со почеток од 11:00 часот.

Македонија: Лука Грчевски, Алекса Јазагиќ, Тео Стојчевски, Павел Котески, Марко Иванов, Алек Чедомирски (од 54. Алек Трипков), Арда Илјазовски (од 78. Лука Георгиев), Бленди Љачка, Васко Попалиски, Андреј Цветковски, Марко Мирчевски (од 54. Јаков Прелиски).

Селектор: Влатко Колев.

Црна Гора: Симон Сошиќ, Стефан Недиќ, Андрија Рондовиќ, Петар Ивановиќ (од 77. Лука Марковиќ), Матија Ракчевиќ, Алекса Цаушевиќ (од 67. Матија Кнежевиќ), Марк Ѓокај (од 77. Павле Пејовиќ), Веско Чукиќ, Петар Радомировиќ, Данило Кисиќ (од 67. Немања Кљајевиќ), Лука Вушуровиќ (од 77. Петар Беговиќ).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!